Иран: САД се обидуваат да нè принудат на предавање
Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф денес изјави дека Вашингтон, преку различни средства, вклучувајќи поморска блокада, се обидува да го принуди Техеран на предавање.
Тој изјави дека „непријателот во својот нов план се обидува преку поморска блокада, економски притисок и медиумска манипулација да го уништи единството на земјата за да нè принуди на предавање“.
Галибаф, кој е влијателен претседател на иранскиот парламент, ова го изјави во аудио порака објавена на неговиот официјален Телеграм канал.
Тој не даде дополнителни информации за можностите за мировен договор со САД, додека Иран продолжува да ги разгледува елементите од американскиот предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕ ЧЕКА СО ЧАСОВИ: Километарски колони на…
Километарски колони возила се создадени вечерва на…
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…
Вкупно 15 пожари на отворен простор се…
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…