Медицинско возило нагло закочи сред Скопје за да не направи судир – пациентот кој го превезувале починал

t

МВР информира дека вчера околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицинско возило нагло закочи сред Скопје за…

МВР информира дека вчера околу 12:01 часот…

Европол: 35 лица уапсени во Бугарија за…

Координирана операција предводена од бугарските власти и…

Австрија воведува забрана за шамии во училиштата…

Предлог-законот, кој наскоро треба да се дебатира…

Возач заби во билборд на скопска раскрсница,…

18-годишна девојка од Турција е тешко повредена…

Пожарникари од Старо Нагоричане спасија куче паднато…

Пожарникарите од Старо Нагоричане информираа дека денеска…