Медицинско возило нагло закочи сред Скопје за да не направи судир – пациентот кој го превезувале починал

t

МВР информира дека вчера околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…