Објавено на:

Мелони: Европејците мора да се одбранат во случај на трговска војна во САД

t

Претседателот на Италија, Серџо Мелони најавените царини од Трамп ги нарече „сериозна грешка“ и повика на единствен „смирен и одлучувачки“ европски одговор.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска, пред очекуваната најава на претседателот Доналд Трамп за воведување нови царини насочени кон американските трговски партнери, предупреди да не се води трговска војна.

-Мораме да направиме се што можеме за да спречиме трговска војна, од која нема да имаат корист ниту САД ниту Европа, истакна Мелони, додавајќи дека Европејците мора да бидат подготвени „да се одбранат ако е потребно“.

Таа изрази особена загриженост за потенцијалните царини за италијанските земјоделски производи.

Мелони важи за еден од најважните контакти со американската администрација помеѓу европските лидери. Трамп во неколку наврати ја пофали италијанската премиерка, која во изминатите два месеца двапати се сретна со американскиот претседател.

Претседателот на Италија, Серџо Мелони најавените царини од Трамп ги нарече „сериозна грешка“ и повика на единствен „смирен и одлучувачки“ европски одговор.

Трамп денеска ќе ги објави нови царини, а 2 април го нарече „Ден на ослободувањето“.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони: Русија лесно може да го врати…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека…

Мелони: Белград и Приштина да преземат чекори…

„Побаравме од двајцата лидери да преземат чекори…

Мелони: не треба да се дозволи конфликтот…

Имам впечаток дека тоа беше вистинската цел…

Мелони го критикува Шолц за миграцијата

Италијанската премиерка Џорџа Мелони испрати писмо до…