Меншик против Зверев на Ролан Гарос
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако го совлада во четвртфиналето Бразилецот Жоао Фонсека со 6-4, 6-3, 7-6(3).
За 20-годишниот Меншик ова е прво грен слем полуфинале во кариерата, во кое ќе се соочи со вториот носител Германецот Александар Зверев.
Меншик целосно доминираше во првите два сета против Фонсека, а во третиот сет пропушти дури шест меч-топки на сервисот на Фонсека, но ја заврши работата во тај-брејкот во кој му дозволи само три поени на Бразилецот.
Денеска на програмата се двата преостанатите четвртфинални дуели во кои Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим ќе игра против Италијанецот Флави Коболи, додека во италијанската пресметка за место во полуфиналето ќе се борат дерби ќе се соочат Матео Арналди и Матео Беретини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…