Објавено на:

Мерц: „Повисоката цена на војната“ ќе ја принуди Русија на примирје

t

Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц денеска изјави дека Европа мора да ја „зголеми цената на војната“ во Украина за да ја принуди Русија на прекин на огнот.

– Прекинот на огнот сè уште не е на дневен ред, сосема очигледно, бидејќи Русија не го сака. Затоа мора да продолжиме да ја зголемуваме цената на војната, за Русија да разбере дека нема смисла да ја продолжува, посочи Мерц на партиската конференција на Демохристијанскиот сојуз на Германија (ЦСУ).

Претходно, претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер истакна дека руската анексија на Крим и нападот врз Украина претставуваат историска пресвртница.

Според него, мора да се спречи сценарио во кое региони или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили и повика на поактивна улога на меѓународната заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц: „Повисоката цена на војната“ ќе ја…

Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц денеска изјави…

Над еден милион луѓе останаа без струја…

Додека Украина продолжува да преговара за договор…

Министрите на Германија, Франција и Полска денеска…

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција…

Путин им го честиташе Божиќ на православните…

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава присуствуваше…

Путин нареди: Руската економија мора да расте!

Руската економија е во лоша состојба, а…