Мечка нападна стадо во битолско, усмртена една овца
Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот на битолското село Крклино, при што усмртила една овца. Инцидентот бил пријавен околу 9:30 часот, информираше градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Според првичните информации, нападот се случил во близина на манастирот и каналот на хидросистемот Стрежево. Сопственикот на стадото веднаш го пријавил случајот во СВР Битола, по што полициска екипа излегла на терен и извршила увид.
За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, како и инспектор за лов од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
Градоначалникот Коњановски најави дека до Министерството за земјоделство и Министерството за животна средина ќе биде испратен официјален допис со барање за преземање соодветни мерки во рамки на нивните надлежности.
Од Општина Битола потсетуваат дека мечката е законски заштитен животински вид, поради што сите понатамошни активности ќе се реализираат во согласност со законските процедури и во координација со надлежните институции.
Во овој момент не е познато дали станува збор за изолиран инцидент или за мечка која подолг период се движи во регионот. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на теренските проверки и проценките на стручните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мечка нападна стадо во битолско, усмртена една…
Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот…
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Уапсени две лица од тетовско по пријава…
На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР…