Уапсени две лица од тетовско по пријава за обљуба на малолетничка
На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово.
Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување“ со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице.
Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната малолетничка се враќала од Тетово со комбе кое го управувал пријавениот, при што истиот со употреба на физичка сила извршил обљуба врз неа.
По извесен период малолетничката го раскажала настанот на нејзината 37 годишна мајка која била во врска со 58 годишното лице но истата не го пријавила настанот.
Лицата се задржани во полициска станица, за настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…