Меџити најави две решенија за пешачкиот премин кај Бит-пазар
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека се разгледуваат две можни решенија за проблемот со пешачкиот премин кај Бит-пазар – поставување семафор или целосно отстранување на надземниот пешачки премин.
На денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, Меџити посочи дека поставувањето семафор е најверојатната опција, додека уривањето на надвозникот би се разгледувало доколку се утврди дека тој претставува пречка и не ја исполнува својата функција.
„Разгледуваме две опции. Најверојатната е поставување семафор, а другата е да се урне мостот, бидејќи не е целосно функционален и граѓаните не го користат“, изјави Меџити.
Тој потсети дека надвозникот со години не се користи и дека е во лоша состојба поради вандализам. Според него, уште пред локалните избори неговиот став бил дека подобро решение е отстранување на објектот, наместо реконструкција.
Меџити објасни дека пешачкиот премин повторно бил ставен во функција по барање на трговците од Бит-пазар, бидејќи има значење за нивното работење, но и за секојдневното движење на жителите во овој дел од градот.
Градоначалникот се осврна и на проблемот со дивоградбите, посочувајќи дека според последниот извештај на Државниот завод за ревизија, Општина Чаир е шеста во Скопје и десетта во државата според бројот на нелегално изградени објекти.
„Се работи на дивоградбите, се реши случајот со ‘Али Тобако’, а во тек се постапки и за останатите. Земете информации прво за шесте општини што се пред Чаир, а потоа за Чаир“, рече Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити најави две решенија за пешачкиот премин…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави…
Студентка во еден месец положила 17 испити,…
Министерката за образование Весна Јаневска во гостување…
Забраната за користење социјални мрежи за малолетници…
Првата светска забрана за користење социјални мрежи…
Судија: Трамп се обиде да „манипулира со…
Федерален судија во понеделник изјави дека контроверзната…
АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЦАРИНЕЊЕ ОД…
Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да…