Студентка во еден месец положила 17 испити, тврди министерката Јаневска
Министерката за образование Весна Јаневска во гостување на „Сител“ изјави дека за една приватна високообразовна установа МОН поднело кривична пријава за фалсификување диплома зашто имале запишано студентка која во еден месец положила 14 до 17 испити.
-На пример, студентка во еден месец положила 14 до 17 испити, а во истовреме студирала и додипломски и постдипломски студии. Тоа реално не е можно. Не сум слушнала никаде во светот да се положат во еден месец 14 испити и да се биде и на додипломски и на постдипломски студии – рече министерката Јаневска.
Во рамките на контролата на универзитетите има пријави за фалсификување дипломи, назначување во несоодветно звање на професорскиот кадар, несоодветно трошење на буџетот од државата и за неправилен упис.
Министерката откри дека се затворени 18 институти меѓу кои Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје и Институт за мода и дизајн во Тетово.
Пропустите што ги констатира комисијата на Министерството за образование покажале дека не биле исполнети условите за научници кои треба да работат во институтот, некаде немало програма за научно-истражувачка работа, а имало и случаи во кои институтите биле сместени во несоодветни простории.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос на проба во Скопје? Се тврди…
Подготовките за претстојниот настап на Јелена Карлеуша…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…