Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

t

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска во просториите на Општина Чаир прими делегација на Арберешите од Вакарици, предводена од градоначалникот Антонио Помило, во рамки на нивната прва посета на земјава.

На средбата, информираат од општина Чаир, се разговараше за историските, јазичните и културните врски со Арберешите, како и за можностите овие врски да се унапредат преку институционална соработка. Во таа насока, беше разгледана можноста за збратимување на Чаир и Вакарици, како и за организирање заеднички културни активности и иницијативи меѓу двете општини.

-Со Арберешите нè поврзуваат долга историја, јазикот и наследството што тие го зачувале низ генерациите. Денес сакаме на овие врски да им дадеме и нова димензија преку соработката меѓу нашите општини. Верувам дека оваа посета е добар почеток кон збратимување и соработка која ќе продолжи со конкретни иницијативи и заеднички проекти меѓу Чаир и Вакарици, изјави Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…

Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…

Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…

Определен притвор за едно лице за претепаниот…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…

Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…