МЗШВ: Цената на пченицата и јачменот е пазарна, ние не ја одредуваме
По бројните реакции на земјоделците дека државата не објавува колкава ќе биде цената на пченицата и на јачменот, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за „Слободен печат“ изјавија дека цената ја одредува пазарот, а дека само ако има потреба, држвата може да реагира.
– Висината на откупната цена на пченицата и јачменот се формира согласно пазарните услови. Законот за земјоделство и рурален развој предвидува доколку има потреба државата да интервенира на пазарот преку мерки, вклучително и интервентен откуп и утврдување интервентна цена, во услови на пазарни нарушувања, со цел стабилизација на пазарот и заштита на земјоделските производители. Меѓудругото, потсетуваме дека на располагање е мерката за складирање на пченица и јачмен во сместувачки капацитети, во периодот од 15.06.2026 до 15.09.2026 година. Министерството внимателно ќе ја следи состојбата и ќе остане во редовна комуникација со сите производители и откупувачи – изјавија од Министерството за земјоделство.
Од Министерството посочија и дека е одржана седница на Потсекторската постојана група за жита, на која беа разгледани очекуваните приноси на пченица и јачмен по региони, како и тековните состојби на пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МЗШВ: Цената на пченицата и јачменот е…
По бројните реакции на земјоделците дека државата…
Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…
Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…
Се ограничуваат маржите за земјоделските ѓубрива за…
Се ограничуваат маржите за земјоделските ѓубрива за…
СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради…
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за…
Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за…
Реализирана е исплата од 1.021.527.000 денари кон…