Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо за гас и по 370 евра годишно

t

Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа струја и природен гас во периодот од декември годинава до февруари 2027 година, откако стотици регионални снабдувачи најавија зголемување на цените. Според анализата на германскиот портал за споредба на цени „Веривокс“, најавените поскапувања изнесуваат во просек осум проценти за струјата и 14 проценти за гасот, а повисоките сметки ќе погодат околу 3,7 милиони домаќинства кај електричната енергија и 1,9 милиони кај природниот гас.

За струјата досега се најавени 329 поскапувања, а тричлено семејство со годишна потрошувачка од 4.000 киловат-часови би плаќало приближно 128 евра повеќе годишно. Уште поголемо финансиско оптоварување се очекува кај гасот, за кој 361 регионален снабдувач најавил повисоки цени. Домаќинство во семејна куќа со годишна потрошувачка од 20.000 киловат-часови би имало дополнителен трошок од околу 370 евра годишно. Меѓу компаниите што најавија поскапувања се „ЕнБВ“, „ЕВЕ“ и „Е.ОН“.

Главната причина, според „Веривокс“, се зголемените набавни цени на енергијата на меѓународните пазари, како и повисоките надоместоци за користење на енергетските мрежи. Експертот за енергетика Торстен Шторк објаснува дека поскапувањата на големопродажните пазари не се пренесуваат веднаш врз сметките на потрошувачите.

„Силно зголемените големопродажни цени на гасот и струјата од почетокот на војната во Иран во март 2026 година дури сега се одразуваат врз цените за потрошувачите“, вели Шторк.

Според него, цените на струјата и гасот, за разлика од горивата на бензинските пумпи, реагираат со задоцнување на повисоките набавни трошоци. Големопродажните цени на природниот гас од почетокот на годината, според „Веривокс“, се речиси тројно зголемени. Германија, по прекинот на руските испораки преку гасоводи, повеќе се потпира на увоз на течен природен гас, кој исто така поскапел на светските пазари.

Сепак, планираното намалување на данокот на електрична енергија од 1 јануари 2027 година би можело делумно да ги ублажи повисоките сметки. Доколку олеснувањето целосно се пренесе на потрошувачите, тричлено семејство со годишна потрошувачка од 4.000 киловат-часови би заштедило околу 93 евра. Така, проценетиот дополнителен годишен трошок за струја би се намалил од 128 на приближно 35 евра. Ова олеснување сè уште не е вклучено во најавените поскапувања.

Повисоките цени не се однесуваат автоматски на сите домаќинства во Германија, туку на потрошувачите со основни тарифи за снабдување, односно оние што немаат склучено посебен договор со снабдувачот. Според германската Федерална мрежна агенција, такви тарифи користат нешто повеќе од една петтина од домаќинствата за струја и нешто повеќе од една шестина за гас. Германските организации за заштита на потрошувачите советуваат споредување на понудите, бидејќи посебните договори најчесто се поевтини, а договорите за основно снабдување можат да се раскинат со отказен рок од две недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…

Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…

Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…

Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…

СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…

Во рудниците за бакар се потребни нови…

Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…

Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…