Министерката Божиновска уверува: Снабдувањето со гориво стабилно, цените најниски во регионот

t

Снабдувањето со гориво во земјава е стабилно и Македонија и покрај покачувањето на цените има најевтино гориво во регионот- уверува министерката за енергетика Сања Божиновска. Пазарните инспектори во повеќе од 300 контроли утврдиле дека сите трговци ги имаат законски задолжителните петдневни оперативни резерви. Уверува дека и државните резерви се стабилни. Изјавите беа дека имаме доволно за покривање на околу 62 дневни потреби на граѓаните и стопанството.

„Еуродизел 138 милиони 877 053 литри, еуросупер 95, 32 милиони 098 680 литри, екстралесно масло за домаќинство ЕЛ1, 10 милиони 772 илијади 342 литри, мазут м1, 5 милиони 287 794 килограми. Со тоа што МАКОРА има обврска, нели што ги зема парите, ќе набавуваат, треба да ги прашам кога следно ќе набавуваат, тоа им е редовна набавка. Дневната мислам дека е околу 4.000“, вели Сања Божиновска.

Министерката уверува – ако глобалните притисоци продолжат ќе ги искористат сите механизми за заштита на стандардот на граѓаните. На располагање се намалување на акцизите за горивата до 4 денари, и на ДДВ-то за набавка на енергенси. Божиновска смета дека граѓаните не се оштетени со промената на Правилникот на Регулаторна, со кој цените се менуваат еднаш неделно во понеделник, а не како претходно-кога има промени на светските берзи. Вели до сега имавме само едно поскапување.

„Цените ги одредува Регулаторна. Знаете ние не се мешаме како министерство. Меѓутоа јас се распрашав. Тоа пресметување е воведено од војната со Украина. Значи тоа е 2022-ра, претходно било на еднонеделно ниво и како што ги пратевме цените, значи војната почна на 28-ми, а ние имавме само едно зголемување. Што значи дека граѓаните ако се видат сите цени, мислам дека не се оштетени, односно до сега имавме само едно зголемување на цените“, рече Сања Божиновска.

Инаку, Регулаторна во понеделникот ги зголеми цените на горивата во просек за 14,27 проценти. Цената на дизелот се покачи за 14,5 денари, откако барелот на светските берзи надмина 100 долкари. Новите цени Регулаторна треба да ги соопшти во понеделник, но загрижува тоа што цените на нафтата на светските берзи во последните два дена повторно надмина 100 долари за барел, откако претходно имаше драстичен пад, и до 85 долари за барел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Божиновска уверува: Снабдувањето со гориво стабилно,…

Снабдувањето со гориво во земјава е стабилно…

Пентагон испраќа експедициска единица на морнарицата на…

Пентагон одобри распоредување на експедициска единица на…

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е…

Професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“,…

Трамп: Путин можеби малку му помага на…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите,…

Состојбата сега и за време на енергетската…