Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните
Состојбата сега и за време на енергетската криза е многу различна и не може да се споредува, иако Владата будно ја следи состојбата, многу внимателно и кога прави предлози ги прави врз основа на податоци кои се веродостојни и реални, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
„Многу внимаваме и ја следиме будно состојбата и кога ги правиме и предлозите ги правиме врз основа на податоците коишто се веродостојни и реални. Тогаш состојбите беа многу поразлични од денес. Во тој период имавте инфлација којашто беше многу повисока во однос на инфлацијата којашто ја имаме денес. Вкупната инфлација за 2022 година била 14,2%, растот на платите тогаш бил 10,9% и реалниот раст на платите бил во суштина во минус, односно инфлацијата го подјадувала домашниот буџет. Или конкретно за тој месец кога ги воведоа мерките и кога ние зборувавме тогаш ние имаме ситуација на номинален раст на платите 10% но реален е 1,2%, односно инфлацијата во тој период во тој месец е 8,8%. Меѓутоа во инфлацијата ние не можеме да ги гледаме сите бројки. Најважна ни е пред се храната. Тоа е она за што сите се зборуваме, во тој момент растот на храната бил 11,4%. Значи повисок во однос на растот на платите“, рече министерката.
Таа додаде дека денес имаме друга ситуација и состојби во која имаме вистински реален раст на платите во однос на инфлацијата и растот на храната е понизок како трошок во однос на тоа како растат платите. Во 2022 година инфлацијата на храна била 21% како просечна, а сега инфлација на храна во јануари е 5,2%.
Повтори дека состојбите се следат будно, на дневна основа во рамки на институциите и дека врз основа на тоа ќе се носат одлуките. Посочи дека има законско решение што е во моментот на сила и дека доколку има потреба ќе се менува, но напомена, дека промената многу често е поврзана и со други законски решенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…