Минчев за Илинден: Силна држава се гради со силни институции и луѓе кои совесно ѝ служат
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката.
Во своето обраќање, тој истакна дека овој празник ги симболизира слободата и историските темели на македонската државност.
„Во име на Министерството за јавна администрација и во мое лично име, дозволете ми да го честитам 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Илинден е најсветлиот симбол на нашата државност, слободарскиот дух и непоколебливата верба во сопствената иднина. На овој голем празник со длабока почит им оддаваме признание на сите што се бореа за слободна Македонија, како и на историското Прво заседание на АСНОМ, со кое беа поставени темелите на современата македонска државност“, наведе Минчев.
Тој потенцираше дека Илинден претставува трајна обврска за чување на државата и негување на единството.
„Илинден не е само спомен, тоа е трајна обврска да ја чуваме државата, да го негуваме единството и да работиме за општото добро. Секоја генерација има своја задача, да ги продолжи идеалите на слободата, правдата и достоинството, со одговорност, чесност и посветеност“, порача тој.
Министерот во својата честитка се осврна и на посветеноста на ресорот што го води во насока на реформирање и градење на ефикасен јавен сектор.
„Силна држава се гради со силни институции и луѓе што совесно и служат. Токму затоа, Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање професионална, ефикасна и транспарентна јавна администрација, која секојдневно ќе го оправдува доверениот јавен интерес и ќе биде вистински сервис на граѓаните“, истакна Минчев.
На крајот од своето обраќање, тој упати порака за зачувување на основните вредности и напредокот на земјата.
„Нека Илинден не обедини околу она што е најважно, љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и одговорноста кон иднината. Да продолжиме заедно да градиме држава во која ќе владеат правдата, знаењето, солидарноста и еднаквите можности за сите. Нека е честит 2 Август – Илинден, Денот на Републиката!“, порача министерот Минчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минчев за Илинден: Силна држава се гради…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати…
Сиљановска-Давкова: Никому не му должиме за тешко…
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска од…
САД го забранија увозот на хуманоидни роботи…
Трговскиот и технолошкиот конфликт меѓу САД и…
Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја…
Немаме право на неуспех, ова е последната…
Премиерот Христијан Мицкоски од Меморијалниот центар АСНОМ…