Минчев за Илинден: Силна држава се гради со силни институции и луѓе кои совесно ѝ служат

t

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката.

Во своето обраќање, тој истакна дека овој празник ги симболизира слободата и историските темели на македонската државност.

„Во име на Министерството за јавна администрација и во мое лично име, дозволете ми да го честитам 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Илинден е најсветлиот симбол на нашата државност, слободарскиот дух и непоколебливата верба во сопствената иднина. На овој голем празник со длабока почит им оддаваме признание на сите што се бореа за слободна Македонија, како и на историското Прво заседание на АСНОМ, со кое беа поставени темелите на современата македонска државност“, наведе Минчев.

Тој потенцираше дека Илинден претставува трајна обврска за чување на државата и негување на единството.

„Илинден не е само спомен, тоа е трајна обврска да ја чуваме државата, да го негуваме единството и да работиме за општото добро. Секоја генерација има своја задача, да ги продолжи идеалите на слободата, правдата и достоинството, со одговорност, чесност и посветеност“, порача тој.

Министерот во својата честитка се осврна и на посветеноста на ресорот што го води во насока на реформирање и градење на ефикасен јавен сектор.

„Силна држава се гради со силни институции и луѓе што совесно и служат. Токму затоа, Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање професионална, ефикасна и транспарентна јавна администрација, која секојдневно ќе го оправдува доверениот јавен интерес и ќе биде вистински сервис на граѓаните“, истакна Минчев.

На крајот од своето обраќање, тој упати порака за зачувување на основните вредности и напредокот на земјата.

„Нека Илинден не обедини околу она што е најважно, љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и одговорноста кон иднината. Да продолжиме заедно да градиме држава во која ќе владеат правдата, знаењето, солидарноста и еднаквите можности за сите. Нека е честит 2 Август – Илинден, Денот на Републиката!“, порача министерот Минчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…

Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…

Објавата на Топ ченел има политичка заднина…

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…

Москва oд Абу Даби: НАТО да се…

Русија го покрена прашањето за враќање на…

ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…

На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…