Мирен протест на опозицијата пред владата во Тирана, новата година ја почнува со масовни протести
Албанската опозиција, предводена од Демократската партија, вечерва пред владата во Тирана, одржаа „говорница“ на пратеници и граѓани.
Пред насобраните се обратија претставници од неколку градови, меѓу кои и од Валона, кои ја обвинија владата за проблемот со петдневниот прекин на водата за пиење. И останатите не поштеди ј зборови за осуда на владата и премиерот Еди Рама.
На говорницата последен се обрати демократскиот лидер, Сали Бериша, кој рече дека „новата година ја започнуваат со протести, дека опозицијата е посилна од кога било, и оти актуелниот нарко – диктаторски режим се распаѓа”.
-Денес го затвораме протестот за да ја започнеме годината со протести. Каде и да одам, наоѓам апсолутна решеност да се разделиме од ова зло што е можно поскоро. Албанците со нетрпение го очекуваат отстранувањето на оваа банда од власт. Ви гарантирам дека опозицијата денес е посилна од кога било. Таа е порешителна од кога било да ја исполни својата мисија, рече меѓу другото Бериша.
Порача дека никој не треба да заборави дека „моќта на идеалите е најголемото оружје од сите оружја”.
Зад говорницата беа поставени маскоти со ликовите на Рама и членови на владата во затворска униформа и лисици на рацете.
За разлика од последниот протест, на кој беа фрлани молотови коктели кон владиниот објект, вечерва протестот мина мирно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мирен протест на опозицијата пред владата во…
Албанската опозиција, предводена од Демократската партија, вечерва…
„Па каков е тој ‘Сејф сити’ кога…
Ина Многуфина со остра јавна реакција го…
Трамп: Го извршивме првиот копнен напад врз…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД…
Се огласи Захарова: „Ќе одговарате за ова“
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Глечерот на Судниот ден е на ивица…
Во западниот дел на Антарктикот, глечерот Твејтс…