„Па каков е тој ‘Сејф сити’ кога нема полиција по улиците за овој народ? За таа стока што вози 150 на Трета македонска бригада и на Партизанска, камерите не бркаат работа“

t

Ина Многуфина со остра јавна реакција го доведе во прашање ефектот од системот „Сејф сити“, оценувајќи дека камерите не можат да ја заменат присутната и активна полиција на улиците. Во објава на социјалните мрежи, таа посочи дека секојдневните сообраќајни прекршувања, особено дивеењето со големи брзини, остануваат несанкционирани во реално време, а граѓаните се оставени без чувство на безбедност.

„Па каков е тој ‘Сејф сити’ кога нема полиција по улиците за овој народ? За таа стока што вози 150 на Трета македонска бригада и на Партизанска, камерите не бркаат работа“, напиша Многуфина, алудирајќи на конкретни сообраќајни инциденти забележани претходниот ден.

Таа смета дека системот базиран исклучиво на видео-надзор служи претежно за наплата на казни, но не и за превенција и директна интервенција кон ризичните возачи. Според неа, проблематичните учесници во сообраќајот не се плашат од камери, туку од непосредна полициска контрола.

„Си бара тоа полиција – ‘добар ден господине, документи, излезете од возилото, отворете багажник, каде брзате, дувајте тука’. Сѐ тоа“, наведува таа, потенцирајќи дека само физичкото присуство на полицијата може да делува воспитно и одвраќачки.

Во продолжение, Многуфина оценува дека концептот на целосна автоматизација на контролата е погрешен и создава лажна слика за ред и безбедност. „Камери и демек завршивме работа. Камерите ќе донесат само пари од казни. Проблематичните си бараат друг третман“, заклучува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…