Митко Јанчев доби Орден од Зеленски

t

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван од претседателот на Украина, Володомир Зеленски со Орден за заслуги, 3 степен по прославата на вчерашниот Ден на независноста на земјата.

Украинскиот претседател ги доделува овие награди за значаен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворните активности и популаризацијата на украинската држава во светот.

Од регионот, само хрватскиот премиер, Пленковиќ и хрватскиот МНР, Радман добија повисоки одликувања од Зеленски.

Странските добитници беа одликувани со разни признанија, вклучувајќи го Орденот на принцот Јарослав Мудриот, Орденот за заслуги, Орденот на принцезата Олга, Медалот за труд и победа и Крстот на Иван Мазепа, претседателско одликување. Уредбата за таа цел, бр. 617/2025 од 23 август, беше објавена на официјалната веб-страница на претседателот, објави Укринформ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митко Јанчев доби Орден од Зеленски

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван…

Украина да биде неутрална, да не членува…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Зафатени со кампања: Годишниот одмор официјално заврши…

Пратениците започнуваат со работа по крајот на…

Вооружени војници на улиците на Вашингтон, Трамп…

Националната гарда на Соединетите Американски Држави, која…

Осомничен нанел тешка телесна повреда на жена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…