Митровски: Ива веќе не може да мрдне од Бугарија, ризик е што е во Шенген, ја заглавија на 23 години
*Објава на Фејсбук на адвокатот Јанаки Митровски
Многу јака “услуга” и направија бугарскиве шовинисти на Ива Михајлова…..нема да може да излезе од Бугарија…. дури и да седи во Шенген зона е под ризик, знае татко и кој го екстрадираа од Италија, само штета тогаш не беше благонадежен блгарин….
За волја на вистината, на тие околности, 23 години, неосудувана, од небрежност, дури и да ја огласеа виновна, можеше да помине со условна….
Вака, ќе ја користат, ќе ја шетаат како бела мечка да ги поживее петте минути слава, и толку, ќе ја заборават….го памти или збори ли некој Пендиков во Бугарија денес?