Михаилова побегнала во Бугарија?

t

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи.

Веста дека Михаилова ја преминала македонско-бугарската граница во придружба на адвокатот Николај Димитров од Бугарија утринава ја објави бугарската БТВ. Во изјава за медиумот, Михаилова вели дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.

„Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми. На границата ја покажав мојата македонска лична карта. Се чувствувам безбедно во Бугарија. Во Северна Македонија бев репресирана поради моето бугарско потекло и тоа беше една од причините зошто ме обвинија“, изјави Михаилова за БТВ.

На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори:

„Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.

Во изјава за БТВ, нејзиниот адвокат Николај Димитров одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале. Тој признава дека нивните постапки може да претставуваат прекршување на мерките кои ѝ се определени на Михаилова, но вели дека според него, правото на лекување било водечки принцип при донесувањето на одлуката.

„Оваа ситуација е неподнослива и ние ја зедовме нашата судбина во свои раце“,изјави адвокатот Димитров за БТВ.

Во меѓувреме, од бугарското Министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.

„Адвокатот стапи во контакт со Министерството за надворешни работи непосредно пред својата јавна изјава. Ја разбираме загриженоста на семејството во врска со здравјето на Ива. Најважно сега е таа да ја добие потребната медицинска нега. Бугарија доследно ги поддржуваше напорите Ива да го добие потребниот третман. МНР ќе продолжи да дава помош во врска со случајот во рамките на својот мандат“, се наведува во соопштението на МНР на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Михаилова побегнала во Бугарија?

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско…

Калас: Сигурна сум дека ако Русија ја…

Сигурна сум дека ако Русија ја заврши…

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова…

Најмногу дожд изминатите 24 часа има наврнато…

Ива Михаилова замина на лекување во Бугарија

Бугарската телевизија НОВА денеска објави дека Ива…

Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…