Мицкоски: Ако младите продолжуваат да си заминуваат, нивното место ќе го заземат луѓе од трети земји
Македонија се соочува со сериозен проблем со демографската слика, па затоа треба да се прават анализи и да се размислува неколку децении однапред со цел потентните млади луѓе да останат и да придонесуваат за македонската економија- рече премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите“.
-Апсолутно ќе дојде време, можеби не сега, но за некои 15, 20-25 години целосно да се смени демографската слика во Македонија. Од денешна перспектива за 15, 20 – 25 години можеби едно 150 до 250 илјади луѓе ќе ни недостасуваат во Македонија. Каде е проблемот? Тоа е една верига. Ако има Европа проблем со демографијата, а има поголем и од нашиот, тогаш дел од нашиот потенцијал оди таму. Без разлика на понатамошниот нивен развој како личности и како луѓе итн. тие создаваат празен простор овде. За да може оваа економија да се развива ќе мора некој да го пополни тоа и логично е од трети земји луѓе, работници да дојдат и да го пополнат тој празен простор кој што ќе го оставаат тие коишто ќе заминат во Западна Европа. Така што, ако во Западна Европа демографската слика се подобри и влеземе во состојба 2,1 родност, тогаш потентните млади луѓе ќе останат тука и ќе придонесуваат кон македонската економија, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека и покрај тоа што оваа е многу важна тема за понатамошниот развој на државата, кога зборува за семејство и демографија често е исмејуван и навредуван од, како што рече, одредени структури кои се талог на општеството, но кога се води држава и се сака да се остави трага, мора да се размислува и да се анализира долгорочно.
– Jас кога зборувам за семејство, кога зборувам за демографија, има одредени структури во општеството, јас го нарекувам талог на општеството, коишто ме исмејуваат, ме навредуваат, пишуваат лошо за мене итн., но тоа е едноставно иднината. Ако вие денеска не размислувате што ќе биде за 50, 75 -100 години вие не треба да се занимавате со оваа работа, барајте си друга работа, работа која што е ден за ден и терајте. Ако веќе ја водите државата, ја водите Владата, вие морате сите аспекти да ги анализирате неколку децении однапред, ако сакате да бидете човек кој ќе остави трага, посочи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ако младите продолжуваат да си заминуваат,…
Македонија се соочува со сериозен проблем со…
Сопственик на стан и агент за недвижнини…
75-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од…
Двајца претседатели во договор со иста раководителка…
Овластени службени лица од Управата за финансиска…
Укината пресудата доживотен затвор за штипјанецот Зарков…
Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен…
Лавров: Русија ќе продолжи со масовни удари…
Русија ќе продолжи да изведува масовни удари…