Објавено на:

Лавров: Русија ќе продолжи со масовни удари врз цели во Украина

t

Русија ќе продолжи да изведува масовни удари врз објекти во Украина од кои директно зависи борбената способност на украинските вооружени сили – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој ја даде оваа изјава пред новинарите, коментирајќи го украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва.

– Не е случајно што претседателот пред извесно време, по уште една провокација на киевскиот терористички режим, објави дека отсега редовно ќе нанесуваме масовни групни удари врз цели од чие функционирање директно зависи борбената способност на Вооружените сили на Украина. Таа задача е поставена од врховниот командант, а нашите вооружени сили ја спроведуваат и ќе продолжат да ја спроведуваат – изјави Лавров.

Тој додаде дека со ова се реализира задачата што ја постави рускиот претседател Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАСА сними огромно отцепување на ледникот Петерман…

Сателитите на американската вселенска агенција НАСА снимија…

Данска од 2027 сака да користи „центри…

Данска планира да почне со сместување на…

Трамп испраќа луѓе во Москва и Киев

Емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив…

Шпанија регистрира 45,7 Целзиусови степени на најтоплиот…

Метеоролозите во Шпанија го потврдија највисокиот дневен…

Шефот на руското разузнавање по средбата со…

Ризикот од конфликт од големи размери низ…