Мицкоски: Владата ќе реагира ако маркетите не ги намалат цените

t

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе одржи состанок со претставници на маркетите, дистрибутерите и трговците, на кој ќе побара намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени артикли.

Тој порача дека периодот на криза е зад државата и дека сега е време компаниите да им возвратат на граѓаните за трпението што го покажале во изминатиот период.

-Граѓаните беа толерантни, сега е на ред трговците, дистрибутерите и маркетите да им се одолжат со намалување на цените. Очекувам веднаш да пристапат кон корекција на цените, особено на основните прехранбени производи- изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата располага со механизми за интервенција доколку не дојде до доброволно намалување на цените и порача дека нема да прифати оправдувања од страна на трговците.

-Оправдувања и изговори не прифаќам. Ако не се види реакција од маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, Владата ќе реагира- истакна тој.

Мицкоски не прецизираше колкаво намалување на цените очекува, но потенцираше дека корекција мора да има, особено кај производите што се дел од секојдневната потрошувачка.

Тој најави и споредба на цените на основните прехранбени производи во земјава со оние во регионот, а не ја исклучи можноста јавно да бидат објавувани маркетите кај кои ќе се утврдат значителни ценовни отстапувања.

-Ќе направиме споредби со цените во регионот и кај нас. Ако треба, по име и презиме ќе ги објавуваме маркетите и ќе им оставиме на граѓаните сами да оценат- рече премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата ќе реагира ако маркетите не…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во…

Чебрен и Галиште ќе почне да се…

На крајот на мандатот на ова Влада…

Реконструкцијата на Владата ќе биде пред пратениците…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за…

„Фотелјите и патувањата им станале помили од…

Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан…

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на…

Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив…