Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

t

Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава, велат преку соопштение од владата на Република Македонија.

Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран.

Државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија.

Очекуваме брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сторителите.

Владата останува цврсто посветена на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи, се вели во соопштението на владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…

Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…