Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов

t

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија да добие уште подобар извештај од Европската комисија, бидејќи, како што вели, дел од реформите што ги спроведува Владата не се опфатени со годинашното оценување. Во однос на уставните измени, порача дека владината позиција останува непроменета.

Според Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас потврдил дека земјата постигнала значителен напредок во споредба со минатата година. Премиерот нагласи дека извештајниот период завршил на 31 август, по што биле спроведени дополнителни реформи, особено во борбата против корупцијата и владеењето на правото.

„Очекувам следната година да имаме уште посилен извештај, со што ќе се потврдат напорите на оваа Влада и амбицијата да биде реформска влада“, изјави Мицкоски.

За уставните измени, премиерот повторно ја обвини претходната влада на СДСМ и ДУИ дека прифатила политички услов кој денес го блокира напредокот на земјата кон ЕУ.

„Нашиот став како Влада е јасен и непроменет. За жал, поради антидржавната политика на претходната влада, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека дијалогот со Бугарија продолжува и изрази надеж дека ќе се најде решение со кое Македонија, по 21 година кандидатски статус, конечно ќе може да го придвижи преговарачкиот процес со Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…