Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Премиерот Христијан Мицкоски за реакцијата на грчкото Министерство за надворешни работи за името, кажа дека нема да прифати цензура кога станува збор за неговите чувства и правото на слободен говор.
„Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани. За мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што мислам“, изјави Мицкоски.
Грчкото Министерство за надворешни работи пред два дена реагираше за изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ, Венко Филипче почнал да ја нарекува така земјата наместо Северна Македонија.
Соопштија дека секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот нема да биде прифатен од грчката страна. Велат дека Преспанскиот договор е дел од меѓународното право и неговото почитување е основа на мирниот соживот на народите и државите.
фото принтскрин
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За…
Премиерот Христијан Мицкоски за реакцијата на грчкото…
Миноски: Македонија заробена во економија на страв,…
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски преку…
Политико за последиците од драматичниот самит: „Кој…
Европа е навикната на драматични пресврти на…
Скопје и Македонија се гушат во отрови…
Скопје и Македонија и понатаму на топ…
(ВИДЕО) Наместо прашање за Путин, новинар ѝ…
Додека рускиот претседател Владимир Путин одговараше на…