Скопје и Македонија се гушат во отрови – воздухот екстремно нездрав

t

Скопје и Македонија и понатаму на топ листата каде граѓаните дишат отровен воздух. Граѓаните револтирани што постојано слушаат една иста децениска позната фраза „ не може преку ноќ да го решиме проблемот“ со загадениот воздух.

Граѓаните револтирани дека се изложени на отров кој директно влијае на белите дробови но и дека никој не презема конкретни чекори освен исти препишани мерки.

Министерството за животна средина два дена мереше дали е загадено па донесе препораки, бара да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола и со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати. Меѓу препораките е и забраната за горење на отворено.

„Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 g /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.“- велат од МЖСПП.

Додека Министерството за животна средина издава препораки, а Град Скопје се обидува да го рестартира јавниот превоз, останува да заврне или да дувне ветар за почист воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…

Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…

ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…