Мицкоски: Историската посета на претседателката на Индија отвора нови можности за соработка

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал работен ручек со претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Како што соопшти Мицкоски, средбата поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, при што се разговарало за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите биле продлабочувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена, инвестициите, како и зајакнувањето на партнерството во повеќе области од заемен интерес.

Според Мицкоски, првата официјална посета на претседателката Мурму на Македонија претставува историски момент и значаен чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави, како и потврда на заедничката определба за градење уште посилни односи во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Историската посета на претседателката на Индија…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал работен ручек…

86-годишна жена тешко повредена откако врз неа…

МВР со детали за жената која вчера…

Косовски државјанин приложил фалсификувани документи за возило…

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче го…

Обвинителството бара притвор за тројцата осомничени за…

Основното јавно обвинителство Гостивар ќе бара притвор…