Мицкоски: Казните за нефер трговски практики ќе бидат десеткратно повисоки

t

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова средба со претставници на маркетите и дистрибутерите, со цел да се спречи нефер трговското однесување и да се придонесе кон стабилизација на цените.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека Владата веќе за понеделник закажала состанок со трговските синџири и дистрибутерите, на кој ќе биде испратена јасна порака за начинот на кој треба да функционира пазарот.

„Ќе испратиме силна порака за начинот на нивното однесување на пазарот“, изјави Мицкоски.

Тој најави и законски измени со кои казните за нефер трговски практики ќе бидат зголемени десеткратно, а паралелно ќе се интензивираат инспекциските контроли.

Премиерот ги повика производителите, добавувачите и дистрибутерите да пријавуваат случаи на нефер трговско однесување од страна на маркетите, посочувајќи дека постојат практики на наплата на различни надоместоци преку посреднички фирми и услуги.

„Тоа е јавна тајна и сите го зборуваат. Ги охрабрувам да посведочат за да можеме како држава да реагираме“, рече Мицкоски.

Во однос на инфлацијата, тој оцени дека Македонија е меѓу земјите со најниска стапка на инфлација во регионот, посочувајќи дека таа моментално се движи меѓу 4,5 и 4,7 проценти.

Според него, со смирувањето на меѓународната криза, мерките на Владата и активностите на институциите, можно е инфлацијата во наредниот период да се намали под четири проценти.

Мицкоски додаде дека Министерството за економија и труд подготвило нова методологија за минимална потрошувачка кошница, која била разгледувана на последната седница на Економско-социјалниот совет во консултација со повеќе институции и социјални партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Казните за нефер трговски практики ќе…

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова средба со…

СДСМ: Економски колапс, тешка политичка изолација и…

Економски колапс, тешка политичка изолација и континуирано…

Железницата запира: Десет дена без возови кон…

Патниците што ги користат железничките линии кон…

Петмина повредени во сообраќајка на три возила…

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е спремен на нова национална…

Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки…