Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и Гевгелија

t

Патниците што ги користат железничките линии кон Велес, Битола и Гевгелија ќе треба привремено да бараат алтернативен превоз, бидејќи од 22 јуни до 1 јули ќе бидат укинати повеќе патнички возови низ државата.

Од Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информираат дека прекинот е поради изведување на завршните градежни работи на делницата Скопје – Зелениково, во рамките на проектот „Градски воз“.

Во наведениот период нема да сообраќаат возовите на релација Скопје – Гевгелија со броеви 611 и 631, како и возовите од Гевгелија кон Скопје со броеви 630 и 632.

Прекин ќе има и на линиите Скопје – Битола, каде што се укинуваат возовите 641 и 645, како и возовите 640 и 644 во спротивен правец.

Без сообраќај ќе останат и возовите на релација Битола – Велес и Велес – Битола со броеви 642 и 643, како и линиите Скопје – Велес (2083) и Велес – Скопје (600).

Од претпријатието апелираат до граѓаните навреме да ги планираат своите патувања и да ги земат предвид измените во возниот ред додека траат градежните активности на железничката инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виткоф утре патува во посета на Москва:…

Специјалниот пратеник на Соединетите Држави, Стив Виткоф,…

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата –…

Градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на…

За автопатите, годинава се обезбедени 243 милиони…

Државниот буџет ќе има улога во финансирањето…

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…

Велешанецот кој е пријавен за измами со…