Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не е да се бара вина, туку да се политизира – ниту еднаш не повикаа на одговорност на градоначалникот

t

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да се обрати до АХВ и да ги побара извештаите од минатите години за безбедноста на водата не само во Гостивар, туку и во други општини, за да видиме зошто не било постапувано досега.

„Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите коишто ги поседувам, знам дека во минатото имало повеќе од 400 вакви извештаи — не само за Гостивар, туку и за други општини — за квалитетот или неквалитетот на водата, а тогаш институциите воопшто не постапувале. И логично е да се истражи зошто не постапувале, зошто тие луѓе коишто ги воделе тие институции не постапувале. Јас ја користам оваа прилика да го повикам Обвинителството да се обрати до АХВ и да ги побара овие извештаи за да видиме зошто не било постапувано досега — зборувам кога имате во рака извештаи од 2018 и 2019 година“, вели претседателот на Владата, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во централниот дневник на ТВ Сител.

Во однос на нападите од страна на опозицијата и кривичните пријави на СДСМ кон сегашни функционери од здравствениот сектор, претседателот на Владата, Мицкоски, посочи дека намерата на СДСМ за Гостивар не е да се бара вина, туку да се политизира и да се прави естрада.

„Инаку треба тука да дадеме одговор на едно друго прашање за коешто СДСМ до овој момент не даде одговор, а тоа е: ако тие лица имаат одговорност, а да речеме за градоначалникот на Општина Гостивар нема одговорност, бидејќи правото на оваа дејност е на општинското претпријатие, не е на државата. Државата не ја преработува водата, не ја испраќа во системот и не ја продава на потрошувачите, туку локалното водоводно претпријатие кое е во директна надлежност на општината. Зошто ова го кажувам? Не го кажувам за да ја префрлам вината, туку за да кажам дека намерата на СДСМ не е во насока на тоа да се бара вина, туку да се политизира целата работа и да се прави естрада“, порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

Во четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај…

Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на…

Мицкоски: Како Влада постапивме експресно во случајот…

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…