Мицкоски не ја коментира кривичната од СДСМ: Оставам органите да одлучат

t

Премиерот Христијан Мицкоски одби да ја коментира кривичната пријава која му ја поднесоа од опозициската СДСМ. На прес конференција рече дека ќе остави надлежните органи да одлучат по неа.

„Јас не би можел да коментирам повеќе. Оставам на органите да одлучат, нели кривичната пријава претпоставувам е поднесена до Обвинителството. Прашањето ќе треба да го упатите до Обвинителството. Јас не би сакал со моја изјава по ниту една основа да влијаам врз одлуката на Обвинителството, а визави пријавата којашто ја поднесе СДСМ“, рече Мицкоски.

Го упати и пратеникот Блерим Беџети да си ја докажува својата невиност пред надлежните институции, а откако против него беше поднесена кривична пријава, која тој ја оцени како политички притисок.

„Јас сакам сѐ помалку луѓе да бидат осудени, сѐ повеќе луѓе да работат според законите, да ги почитуваат законите, Уставот на оваа наша заедничка држава. За мене успех ќе биде да имаме што помалку кривични пријави против поранешни, сегашни функционери итн. Така што јас не би можел и не би сакал да ги коментирам наводите на господинот Беџети и верувам во право на презумпција на невиност до моментот додека не се докаже спротивното, а тоа се докажува низ една судска постапка до правосилност на судска одлука. Што се однесува за чувствата, мислам дека премногу чувствителни станавме периодов, сега да се фокусираме на вистинските нешта, а вистинската нешта се бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и напорна работа за подобра иднина на македонските граѓани“, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски не ја коментира кривичната од СДСМ:…

Премиерот Христијан Мицкоски одби да ја коментира…

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со…

СДСМ бара за најавата за отворање рудник…

Тренчевска: Цените растат, наместо за народот власта…

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната…

Кривична за битолчанец: Вршел полови дејствија пред…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54)…

Николовски за Трипуновски: Му поднесовме интерпелација зошто…

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за…