Тренчевска: Цените растат, наместо за народот власта работи за богатите
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Бизнис 21“ посочи дека најновите податоци за инфлацијата потврдуваат континуиран раст на цените на основните прехранбени производи и сериозно влошување на животниот стандард на граѓаните, обвинувајќи ја Владата дека не презема соодветни мерки за помош на граѓаните.
„Тоа што го зборувавме, излезе дека е така. Според последните извештаи од Парламентарниот институт, инфлацијата особено кај храната бележи раст и таа спирала за која зборувавме, за постојано покачување на цените на основните прехранбени производи, се случи и се случува. Кај месото е 12,8%, кај лебот и житата 3,7%, кај овошјето 12,8%, кај млекото, сирењето и јајцата 8,1%, кај маслата и мастите 6,9%, кај кондиторските производи 10%. Тоа покажува дека Владата не презема никакви мерки за да го заштити животниот стандард на граѓаните. Тие анализи кои се направени, со кои излегоа пред некој ден да кажат дека маржите самите трговци ги намалиле, затоа нема притисок врз животниот стандард на граѓаните, навистина се небулоза. И очигледно власта живее во некој друг свет во кој не е обичниот граѓанин, сите ние останатите, кои секојдневно се соочуваме со повисоки цени во маркетите, односно со послаба куповна моќ на граѓаните“, истакна Тренчевска.
Таа посочи дека граѓаните беа оставени без поддршка во пресрет на Велигден, нагласувајќи дека цените на основните производи се значително зголемени, при што јагнешкото месо достигнало цена од 700 денари, маслото 100 денари, а табла јајца 309 денари, во услови кога минималната плата од 26.000 денари не овозможува достоинствен животен стандард.
Тренчевска рече дека двете мерки кои ги донела Владата во овие 50 дена не донеле никаков резултат, ниту пак им помогнале на граѓаните.
„И сега, два месеци скоро, граѓаните се соочуваат со инфлација, со намалување на животниот стандард, со намалување на куповната моќ. Она што можеле да го купат за 1.000 денари претходно, сега им се потребни 1.500 денари, можеби и повеќе, кога станува збор за храна, за основните прехранбени производи. Освен две мерки на Владата, кои не дадоа резултат, затоа што и пред две недели мисијата на ММФ беше во Собранието, ги слушнавме нивните забелешки и многу јасно и децидно рекоа: намалување на ДДВ и намалување на акцизата, да, се вредни, меѓутоа се мерки кои им помагаат и на богатите. Не се мерки кои го заштитуваат животниот стандард на ранливите категории на граѓани. И затоа препорачаа Владата, а не само кај нас, секаде каде што мисијата препорачува, да оди со таргетирани мерки со кои ќе ги допре најранливите граѓани во државата“, посочи Тренчевска.
Таа потсети дека во 2022 година во времето на СДСМ, бил донесен пакет антикризни мерки вреден 409 милиони евра, нагласувајќи дека тие дале конкретни резултати во намалувањето на цените на горивата и храната, како и преку директна поддршка за граѓаните.
Тренчевска нагласи дека секоја одговорна влада во вакви кризни услови мора да се грижи за граѓаните кои се најпогодени, додавајќи дека СДСМ предложил конкретни мерки, меѓу кои намалување на ДДВ на дериватите на 5% и на храната на 0%, намалување на патарините.
„ВМРО не носи мери во интерес на народот. Најверојатно газдата на ДПМНЕ, тоа се коморите, не им дозволуваат, затоа што тие ги донеле на власт, не им дозволуваат да се намали маржата и да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи. Како што ќе им кажат коморите, така Владата постапува“, обвини Тренчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тренчевска: Цените растат, наместо за народот власта…
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната…
Николовски за Трипуновски: Му поднесовме интерпелација зошто…
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче не му е јасно…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и Венко…
СДСМ: Мицкоски ангажирал приватна разузнавачка агенција, следи…
Опозициската СДСМ преку соопштение обвини дека власта…
СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради…
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за…