Мицкоски: Ние сме единствената држава што води проактивни политики и навремени мерки, затоа сме со најниска инфлација и највисок раст на БДП
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една со друга Влада. Велат, да, точно е дека цената на горивата во Македонија е најевтина во Европа, но колку литри ќе купите со просечна плата во Германија, а колку литри во Македонија. Да, точно е, во Германија ќе купите повеќе, но вистинската дилема е дали пред кризата можевте повеќе литри во Германија да купите отколку во Македонија, во споредба со сега? Тоа е вистинското прашање. Дали вие кога имате криза се справувате со таа криза проактивно или реактивно? Ние сме единствената држава којашто се справува проактивно. Резултатите на тоа проактивно справување се најниска инфлација во регионот, во септември месец инфлацијата е 2,7%. Септември 2022 година, исто имаме криза, војна во Украина, била 18,7%, во услови кога сега просечната инфлација во ЕУ е 3,8%, значи инфлацијата во Македонија е 30% помала од просекот во Европа, а тогаш била 72% повисока од просекот во Европа. Ама тогаш нè убедуваа дека инфлацијата била увезена, а сега ја извезуваме?!“, изјави премиерот Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“, запрашан за економските параметри на Македонија во услови на криза.
„Друго е закон за кризна состојба во енергетиката, друго се проактивни политики и навремени мерки. Да, тој закон е донесен, но тогаш цената на горивата во одредени периоди на годината се 120 денари. Денес еднаш дали натфрли 100 денари. Сега е 99 денари дизелот, а безоловниот е 91 денар, затоа што не само со акцизите, ние го намаливме и ДДВ-то. Во првиот бран на оваа криза ние го намаливме ДДВ од 18 на 10% и за безоловниот и за дизелот и сега во вториот бран од оваа криза го намаливме“, појасни Мицкоски како коментар на тоа на што се должи цената на горивата.
Тој дополни дека не се решени сите проблеми и не се живее во Македонија подобро од Германија, но сега се живее подобро отколку пред три години.
„Еве уште една бројка да ви дадам. Џини-индексот, со кој се мери еднаквост и нееднаквост во распоредот на приходите меѓу населението. 0 е тотална еднаквост, 100 е тотална нееднаквост. Европскиот просек е 29,2, толку е и во Македонија. Сите соседи без исклучок се полошо од нас. Ако ги споредиме платите, реалната нето-плата е секогаш во позитива. Што е реалната нето-плата? Растот на платата минус трошоците за живот. Денес тие бројки се немилосрдни. Сега има 17 илјади нови работни места, почнавме со 691 илјада, денес има 708 илјади вработени. Се отвориле нови 17 илјади работни места. Тоа го зборува Заводот за статистика. Периодот од 1 јануари 2018 до 31 декември 2023 јавниот долг пораснал за 3,7 милијарди долари, а во исто време БДП пораснал за 3,9 милијарди. Тоа е 5% во рок од 5 години. Тоа значи дека инфлацијата го изела растот. Вие сте во минус. Од 1 јануари 2025 до 31 декември 2026 претпоставено, и да претпоставиме дека јавниот долг ќе помине 11 милијарди како што вика СДСМ, иако не верувам, тогаш тоа значи дека јавниот долг пораснал за 1,4 милијарди долари, а БДП за 4 милијарди. Тоа се 291%. Ова се бројки и податоци“, заклучи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…
) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…