Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе 15 години не е членка на Европската Унија поради, како што ги нарече, вештачките прашања наметнати од земја членка. Според него, ваквите барања ја нарушуваат отпорноста на ЕУ и укажуваат на ранливост во нејзиниот систем.
Error5
Мицкоски ова го истакна на панелот „Отпорноста како императив за севкупното општество“, во рамките на самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, кој се одржува во Диселдорф.
Премиерот Христијан Мицкоски на панелот „Отпорноста како императив за севкупното општество“, во рамките на самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, кој се одржува во Диселдорф
„Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка на ЕУ, а на сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ. Кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Посочи дека е потребна робусна акција од Европската Унија кога земја кандидат се соочува со прашања од минатиот век поставени од земја членка.
Мицкоски на панелот нагласил дека членството во ЕУ треба да значи промена преку додавање вредности, а не промена на идентитетот.
„Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, која сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме“, кажа премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…