Мицкоски: Прашањето со Ива ќе биде покренато и во НАТО алијансата, ние сме партнери, не може да бидат прибежиште за осудени криминалци
Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 побара од Бугарија да ги испорача Ива и нејзиниот татко, посочувајќи дека против нив има меѓународна потерница и дека треба да бидат изведени пред правдата.
Мицкоски рече дека не верува оти бугарските власти ќе постапат по евентуално барање за екстрадиција, оценувајќи дека образложението оти бугарски државјанин не може да биде испорачан во друга земја не е прифатливо.
„Имаме меѓународна потерница. Ве молам, испорачајте ги. Ако било договорено, ве молам, испорачајте ги, бидејќи имаме меѓународна потерница“, изјави Мицкоски за ТВ21.
Тој додаде дека, според сигналите што ги добиваат од Бугарија, не очекува Ива и нејзиниот татко да бидат екстрадирани, отфрлајќи го аргументот дека бугарски државјанин не може да биде предаден на друга држава.
„Тоа не е образложение, туку барање алиби кое нема никаква врска“, рече премиерот.
Мицкоски најави дека прашањето ќе биде покренато и на состаноците на НАТО, посочувајќи дека Македонија очекува лицата да бидат испорачани и да се соочат со правдата.
Според него, случајот ќе биде отворен и пред меѓународните партнери на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Прашањето со Ива ќе биде покренато…
Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Click Plus“…
Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев,…
Демонстранти се собраа на мирни протести пред…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
НАТО вложува милијарда евра во нова технологија:…
НАТО ја менува својата стратегија за развој…
(Видео) Василев: Јотова го помилува „Петричкиот Ескобар“
Бугарскиот пратеник Асен Василев обвини дека поради…