ММФ прогнозира инфлацијата од 4,5% и бара од НБРМ да ја зголеми каматната стапка
Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската економија укажува на нов бран предизвици. Иако 2025 година заврши со солиден раст од 3,5%, војната на Блискиот Исток и високите цени на енергенсите ќе го забават темпото на 3,1% во 2026 година, додека инфлацијата се очекува повторно да се искачи до 4,5%.
Мисијата на ММФ го оценува финансискиот систем како стабилен. Банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен, а нефункционалните кредити се ниски. Кредитниот раст се забрза во 2025 година, особено во сегментот на недвижности, поддржан од раст на цените на становите. ММФ упатува и на одредени ризици и посочува дека изложеноста кон недвижности бара внимателно следење.
Финансискиот систем останува робустен, но појавата на одредени ранливости бара супервизорска будност. Банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен, а нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Кредитниот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од високата ликвидност и силниот раст на депозитите, со особено брза експанзија кај кредитирањето поврзано со недвижности, што е поддржано од остриот пораст на цените на становите.
Мисијата на ММФ побара од Народна банка да ја затегне монетарната политика заради комбинацијата на енергетскиот шок и сè уште силната домашна побарувачка. ММФ посочува дека Народна банка треба да премине кон аукции со целосна алокација на благајнички записи и да ја зголеми основната каматна стапка.
„Се препорачува постепено приближување на реалните каматни стапки кон неутралното ниво (околу 2%) на среден рок“, се потенцира во соопштението од ММФ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ММФ прогнозира инфлацијата од 4,5% и бара…
Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската…
Геополитичките шокови го демнат денарот, предупредува Славески
„Народната банка и во иднина ќе биде…
Нето надворешниот долг изнесува 4,58 милијарди евра,…
Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025…
Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…