Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
Нон пејперот на германскиот канцелар Мерц за нова динамика во проширувањето на ЕУ добива се помала поддршка.
Идејата Украина да добие придружно членство во европските институции без право на глас не е прифатливо ниту за украинскиот претседател. Зеленски смета дека местото на Украина во Унијата мора да биде целосно и еднакво.
„Не може да има целосен европски проект без Украина, а местото на Украина во Европската Унија исто така мора да биде комплетно – целосно и еднакво. Важно е да се отворат кластерите. Важно е да се постигне значаен напредок во преговорите. Важно е да се работи стопроцентно за безбедноста и за нашите луѓе“, вели Зеленски
По словачкиот премиер Фицо, и новиот унгарски премиер Маѓар го дели мислењето дека Украина не може да добие приоритет пред земјите од Западен Балкан. За да го зачува кредибилитетот во регионот, ЕУ прво мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кои со години чекаат членство, пред да даде нови ветувања на другите кандидати.
„Прво треба да ги примиме земјите кои долго време се подготвуваат за членство, кои многу жртвувале, прифатиле бројни обврски и со години чекаат на ветениот влез во ЕУ“, вели Маѓар во интервју за австриската агенција АПА.
Дека сите кандидати треба да добијат еднаков третман е ставот и на втората најсилна политичката група на Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент. Во својот допис како одговор на писмото на канцеларот Мерц групата бара еднаков третман за сите. Секој пристап што ѝ се нуди на Украина мора да им биде достапен на сите кандидати за членство, е нивниот став.
Сепак, покрај бројните иницијативи кои кружат во Унијата, ниту Македонија ниту останатите земји кандидати од регионот немаат добиено формален предлог.
Премиерот Мицкоски и во вчерашниот празничен говор порача дека и поркај тоа што Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада, државата неминовно мора да влезе во Унијата, но достоинствено, за што повика и на народно обединување.
Од СДСМ и денеска бараат итно спроведување на уставните измени, чекор без кој според партијата, Македонија не може да се надева на отворање на следната фаза од пристапниот процес.
Од Левица пак денеска порачуваа дека Македонија не смее да биде пасивен набљудувач на сопствената идинина и побараа државата итно да објави официјален став за иницијативата на Мерц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Може ли иницијативата на Мерц да го…
Нон пејперот на германскиот канцелар Мерц за…
Скопје со црн биланс: Повеќе од пет…
Скопје за само еден ден заврши со…
Брнабиќ ги прати незадоволните Срби во Хрватска,…
Брнабиќ ги прати незадоволните Срби во Хрватска…
Трамп: Договорот со Иран ќе биде одличен,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
Герасимовски: Општината Центар итно реагираше – просторот…
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со…