Можно труење со храна во основно училиште во Влае

t

Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ Димо Хаџи Димов, утрово по добиено известување од нив, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки.

Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е времено затворена.

-Согласно Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и прибор и машини за лабораториско тестирање, информираат од АХВ.

По спроведената контрола, јавноста ќе биде информирана за спроведените активности и изречените мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Забрани за 15 оператори со храна…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече…

Тројца туристи починаа од труење во Истанбул

Хотел сместен во историскиот центар на Истанбул беше…

(Фото) За влакно избегната трагедија: Дрво падна…

Вистинска драма се одвивала утрово во скопската…

Пет земји денес доставија 97 тони храна…

Авиони од Обединетите Арапски Емирати, Германија, Белгија,…

Грчки авиони исфрлиле 8,5 тони храна во…

Два авиони на грчкото воено воздухопловство утрово…