АХВ: Забрани за 15 оператори со храна во близина на училишта, продавале небезбедна храна за децата

t

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече петнаесет забрани за вршење дејност на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена.

Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи.

Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна.

-Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, се наведува во соопштението од АХВ.

Шеснаесет оператри, како што потенцираат од АХВ, немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

-За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Австралиците повикани да се подготват за кризи:…

Австралиците се повикуваат да бидат подготвени за…

Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…

Цените на енергенсите во светот годинава ќе…

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…