Мосад им помогнал на Македонија и на Грција да го спречат иранскиот заговор за атентат, тврдат извори во Израел
Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и со Македонија доведоа до пет апсења во заговор за кој се тврди дека бил насочен кон израелски извршен директор, објавија израелски медиуми.
„Мосад им обезбедил разузнавачки информации на грчките и на македонските власти и помогна во спречувањето на ирански заговор за атентат врз Израелец во Грција, што доведе до апсење на пет осомничени“, изјавија денеска извори за „Ynet“.
Операцијата доаѓа во време кога израелските безбедносни претставници предупредуваат дека Техеран е сè порешителен да изврши напади врз израелски цели низ целиот свет, сметајќи ја својата конфронтација со Израел како далеку од завршена.
Денеска на прес-конференција македонската Агенцијата за национална безбедност и Бирото за јавна безбедност соопштија дека спречиле атентат врз неименуван човек во Грција, за кој се спремале шестмина македонски државјани од Скопје и Куманово, наводно командувани од Иранецот Едрис Јахангири Маванех.
Директорот на АНБ Бојан Христовски рече дека акцијата почнала на почетокот на 2026 година во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби. Тој не прецизираше дали во акцијата помогнала и националната разузнавачка агенција на Израел, Мосад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мосад им помогнал на Македонија и на…
Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…
САД извршија напад врз иранска локација за…
Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…
Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…
Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…
Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат…
Доколку Франција испрати свои војници во Украина,…