Објавено на:

Москва под удар на 630 украински дронови за помалку од осум часа

t

Москва во ноќта меѓу средата и четвртокот се најде на удар на еден од најжестоките напади со беспилотни летала оваа година.

Според податоците што ги објави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин, а ги пренесе руската новинска агенција ТАСС, кон градот во нешто помалку од осум часа полетале дури 630 дронови.

Собјанин наведе дека нападот траел од 20:30 часот во средата до четири часот наутро во четвртокот, по московско време. Поголемиот дел од дроновите руската противвоздушна одбрана наводно ги уништила додека сè уште биле на далечинските приоди кон градот, додека 163 дрона биле пресретнати во близина на Москва.

Во нападот биле повредени две лица во близина на Вороново, во подрачјето на административните окрузи Троицки и Новомосковски, југозападно од центарот на руската престолнина, извести градоначалникот.

Според претходните тврдења на Собјанин, најголемиот досега забележан напад со дронови врз Москва се случи во ноќта на 19 септември. Тогаш руската противвоздушна одбрана наводно обори повеќе од 1.600 украински беспилотни летала, од кои 450 му се приближувале на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва под удар на 630 украински дронови…

Москва во ноќта меѓу средата и четвртокот…

Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува…

Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција…

Москва му се заканува на Лондон по…

Москва го предупреди британскиот владин врв за…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Калас: Новите руски напади се дополнителна причина…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…