МПЦ-ОА се вклучува во акцијата за помош на граѓаните во Гостивар – ќе се дели вода за пиење во соборниот храм
Македонската православна црква – Охридска архиепископија се вклучува во акцијата за помош на граѓаните на Гостивар, организирајќи дистрибуција на вода за пиење за сите на кои им е потребна.
Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски Стефан и митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, од вчера па сè додека постои потреба, секој ден од 14:00 часот во дворот на Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар ќе се врши бесплатна дистрибуција на вода за пиење.
Од Тетовско-гостиварската епархија упатуваат благодарност до сите фирми, поединци и до Хуманитарната организација при СПЕ на МПЦ „Свети Спас“, чии донации овозможија да се реализира оваа хуманитарна акција.
Воедно, се повикуваат сите граѓани на кои им е потребна вода да дојдат во дворот на храмот и да ја подигнат потребната количина.
„Бог да ги благослови сите дарители и сите кои придонесоа за ова добро дело“, порачуваат од Епархијата.
Акцијата претставува дел од напорите на МПЦ-ОА да им помогне на жителите на Гостивар во услови на актуелната состојба со водоснабдувањето, обезбедувајќи практична и непосредна поддршка за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МПЦ-ОА се вклучува во акцијата за помош…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија се…
Иран му се закани на британското кралско…
Иран му се закани на британското кралско…
Охрид нема да оди на црната листа…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска…
Вистински хорор во Струга: Жена пријавена за…
Жителка на Струга се соочува со кривична…
Трамп воведува нови царини за увоз од…
По Канада и Бразил, околу 60 други…