МПЦ-ОА се вклучува во акцијата за помош на граѓаните во Гостивар – ќе се дели вода за пиење во соборниот храм

t

Македонската православна црква – Охридска архиепископија се вклучува во акцијата за помош на граѓаните на Гостивар, организирајќи дистрибуција на вода за пиење за сите на кои им е потребна.

Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски Стефан и митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, од вчера па сè додека постои потреба, секој ден од 14:00 часот во дворот на Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар ќе се врши бесплатна дистрибуција на вода за пиење.

Од Тетовско-гостиварската епархија упатуваат благодарност до сите фирми, поединци и до Хуманитарната организација при СПЕ на МПЦ „Свети Спас“, чии донации овозможија да се реализира оваа хуманитарна акција.

Воедно, се повикуваат сите граѓани на кои им е потребна вода да дојдат во дворот на храмот и да ја подигнат потребната количина.

„Бог да ги благослови сите дарители и сите кои придонесоа за ова добро дело“, порачуваат од Епархијата.

Акцијата претставува дел од напорите на МПЦ-ОА да им помогне на жителите на Гостивар во услови на актуелната состојба со водоснабдувањето, обезбедувајќи практична и непосредна поддршка за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…

Позната компанија во стечај направила штета од…

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…

Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…

Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…