Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.

Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици. Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Директорката на „Завод и музеј“ – Битола…

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“…

Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок…

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на почетокот на…

Вашингтон тврди: Киев и Москва на чекор…

САД постигнале значаен напредок кон постигнување мировен…

Братот на принцезата Дијана: Интервјуто на „Би-би-си“…

Братот на принцезата Дијана, грофот Чарлс Спенсер,…