Директорката на „Завод и музеј“ – Битола сама си се унапреди

t

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, М.С. (53), сама донела одлука да се унапреди и за себе да си отвори повисоко работно место, информираат од полицијата.

Притоа, таа го укинала претходното работно место „виш кустос“ и си создала ново – „кустос советник“, позиција која е едно ниво повисоко.

Според СВР Битола, ваквата промена на Актот за систематизација била направена спротивно на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи. Со тоа, пријавената, според истрагата, несовесно постапила во извршувањето на своите службени овластувања.

Полицијата ја товари за кривично дело „несовесно работење во службата“, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…

Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…

Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…