Муцунски: Дел од мерките од реформската агенда се и предвреме исполнети
Некои од мерките кои се од реформската агенда за членство на Македонија во ЕУ се и предвреме исполнети, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, во одговор на новинарско прашање.
-Ние имаме добиено значителна сума на средства и очекуваме да имаме и дополнителен период за мерки кои престојат. За некои мерки би истакнал, одредени мерки кои се во надлежност на МОН, предвреме се реализирани, изјави Муцунски.
Тој објасни дека за последниот извештаен период за реформите што ги спровела државата, од она што неформално е споделено со нив е дека впечатоците се позитивни.
-За последниот извештаен период има позитивни впечатоци за тоа што го има постигнато државата во делот на реформите, кои се од европската агенда и високо сме позиционирани во регионот. Амбизиозно работиме и за следниот извештаен период да бидеме одлично позиционирани, изјави Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жерновски до Муцунски: Изјава како да си…
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски…
СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…
После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…
ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…
Муцунски: Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ се симбол…
Овие кадровски промени кои што вчера се…