Муцунски му одговори на Османи: Политичар кој ја загуби довербата и во сопственото маало е последниот што треба да дели лекции

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи му реплицираше на поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, велејќи дека тој е последниот човек кој има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не во преговарачкиот процес. Муцунски нагласи дека Османи многу добро знае што точно преговарал, што сè прифатил и во каква незавидна позиција ја оставил државата, воено порачувајќи му да не троши енергија на извртување факти и толкување туѓи изјави.

Во однос на политичкиот легитимитет, Муцунски напиша оти политичар кој не успеал да ја добие довербата ниту од своите најблиски сограѓани во Чаир, ниту од своите соседи кои најдобро го познаваат, по таков пораз би требало да покаже доблест, политичка одговорност и да се повлече од сцената, наместо да продолжува да дели лекции во јавноста.

„За разлика од неговите спинови, позицијата на оваа Влада е јасна и непроменета од првиот ден. Повеќе од две години слушаме обвинувања дека ќе попуштиме, ќе се откажеме и ќе прифатиме сè што претходно било договорено. Наместо тоа, со дела покажавме доследност, принципиелност и јасна заштита на македонските национални интереси. Тоа денес е јасно и дома и кај нашите меѓународни партнери“, напиша Муцунски.

Министерот рече и оти политичката меморија на граѓаните не е кратка и оти тие многу добро знаат кој ја доведе државата во ваква ситуација, а кој сега неуспешно се обидува да избега од сопствената одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски му одговори на Османи: Политичар кој…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Водата во Гостивар сè уште не е…

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска од…

Македонска државјанка уапсена во Црна Гора откако,…

Жена од Македонија е уапсена денеска во…

Возач со германски мерцедес не застанал и…

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар…

Малолетник со убодна рана на градниот кош…

На 25.07.2026 во 01:12 часот во СВР…